Трамп наредил напади врз Внецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп наредил напади врз локации во Венецуела, вклучувајќи ги и воените објекти, изјавија американски официјални претставници за Си-Би-Ес њуз, откако разо изутрината одеканаа експлозии во венецуелскиот главен град Каракас, а беа забележани авиони во низок лет.
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата. Канцеларијата на Мадуро соопшти дека се нападнатаи главниот град на Венецуела и регионите Миранда, Арагуа и Гуара.
Венеуцелските власти за нападите ги обвинуваат САД, нагласувајќи дека „Венецуела ја отфрла американската агресија“.
-Целта на американскиот напад е да ни ја одземе нафтата и природните ресурси. Сепак, САД нема да успеат да ни го одземат богатството, се нагасува во соопштението.
Венецуелската влада ги повика сите политички и општествени сили во земјата да се мобилизираат.
Најмалку седум експлозии одекнаа утрово во венецуелската престолнина, Каракас, а биле забалежани и авиони во низок лет. Експлозиите се случија околу 2:00 часот по локално време (7 часот наутро по централноевропско време).
Луѓето во паника излегоа од своите домови на улиците. Јужниот дел од Каракас, вклучувајќи ја и областа во близина на голема воена база, е без струја.
Фотографии објавени од колумбиската телевизиската станица NTN24 покажуваат густ чад над Каракас, видлив и во областа на аеродромот Карлота.
На видео, пак, емитувано од каналот VPItv се гледаат неколку хеликоптери како летаат над градот ноќе.
Ова се случува откако американската морнарица нападна неколку венецуелски бродови за кои се тврди дека носеле дрога.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, со месеци се заканува дека наскоро би можел да нареди напади врз копнени цели во Венецуела. Минатата недела, за време на средбата во Флорида со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп потврди дека американските сили нападнале пристаниште во Венецуела кое се користи за трговија со дрога.
Венецуела вчера соопшти дека е отворена за разговори со САД за борба против трговијата со дрога.
Сепак, венецуелскиот претседател Николас Мадуро во претходно снимено интервју објавено во четврток изјави дека САД сакаат да изнудат промена на владата во Венецуела и да добијат пристап до нејзините огромни нафтени резерви преку повеќемесечна кампања за притисок што започна во август со масовно воено распоредување во Карипското Море.
МИА
Ново на Сител
-

Лажни мејлови во име на директорот на БЈБ се шират низ Македонија, предупредува МВР
-

Тендерот за лекот „фактор 8“ за пациентите со хемофилија ќе се распише најдоцна до утре
-

Почина Милена, жената од Неготино која беше инспирација за легендарниот хит „Моја Милена“ на „Нови фосили“
-

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар
-

СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари
-

Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно
-

До 30 јуни 2026 година се продолжува кризната состојба на дел на територијата на државата
-

До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег
