До 30 јуни 2026 година се продолжува кризната состојба на дел на територијата на државата

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја проследи на натамошна постапка во Собранието Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија. Како што се вели во образложението, кризната состојба на дел на територијата на државата се продолжува до 30 јуни 2026 година.
Владата во 2024 година донесе одлука за воведување на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое е Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 203/24).
Владата на Република Северна Македонија, како што се посочува во образложението на Предлог-одлуката, на седницата одржана на 13 јануари 2026 година го разгледала Записникот од Десеттата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со Системот за управување со кризи одржана на 29 декември 2025 година, го прифатила предлогот на Управувачкиот комитет и ја утврдил потребата да се продолжи кризната состојба до 30 јуни 2026 година.
- Со цел да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Северна Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница, Владата на Република Северна Македонија заклучи да побара од Собранието на Република Северна Македонија да ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата, односно, во времетраење до 30 јуни 2026 година, се вели во Предлог-одлуката.
За време на целиот овој период, Управувачкиот комитет за координација и управување во Системот за управување со кризи, во комуникација и соработка со сите надлежни државни институции континуирано и редовно ја следи состојбата во подрачјaта на дел од територијата на Република Северна Македонија каде е прогласена кризна состојба.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
