Трамп напиша 45 твитови за време на дебатата за импичмент
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер 45 постови на денот кога Претставничкиот дом на САД треба да гласа за негово повлекување.
Иако Белата куќа најавуваше дека претседателот ќе биде презафатен за да се фокусира на настаните во Конгресот, Трамп го помина цело претпладне посветен на твитови и ретвитови.
– Можете ли да верувате, денес дека ме отповикува радикалната левица, демократите кои не работат ништо, а јас не сум сторил ништо лошо, напиша Трамп во еден од своите Твитови, повикувајќи ги своите поддржувачи да се помолат.
Тој ги обвини демократите „за нелегален обид за пуч“ и за „прогласување војна на американската демократија“.
Кога членовите на Претставничкиот дом се повеќе навлегуваа во расправата за импичмент, тогаш се зголемуваше и интензитетот на реакцијата на Трамп, кој почна да пишува со големи букви.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна