Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела во САД најверојатно ќе поднесе тужба против Би-би-си и ќе бара отштета од една до пет милијарди долари поради монтажа на неговиот говор од 6 јануари 2021 година, денот кога неговите поддржувачи го упаднаа во Капитол.
– Ќе ги тужиме најверојатно следната недела за отштета од една до пет милијарди долари. Мислам дека треба, во смисла дека дури и признаа дека тоа е измама. Ги извртеа моите зборови, посочи синоќа Трамп.
Трамп наведе и дека за време на викендот планира да разговара со британскиот премиер Кир Стармер. Според американскиот претседател Стармер се обидел да го контактира и оти е „многу засрамен“ од инцидентот.
Адвокатите на Трамп првично ѝ дадоа на Би-би-си рок до вчера да го повлече својот документарец или да се соочи со тужба од „не помалку од“ една милијарда долари. Тие исто така побараа Би-би-си да се извини и да му надоместат на Трамп за „значително нарушување на репутацијата и претрпената финансиска штета“.
Британскиот јавен сервис призна дека монтажата на говорот на Трамп било „погрешна процена“ и пред два дена испрати лично извинување до американскиот претседател. Но, Би-би-си тврди дека Трамп нема основа за тужба.
Документарецот на Би-би-си вклучува три извадоци од говорот на Трамп, изменети за да изгледа дека тој го поттикнал нападот врз Капитол. Неговите адвокати наведоа дека документарниот филм е „манипулативен и клеветнички“.
МИА
Ново на Сител
-

По неколку години, Полска повторно отвори два гранични премини со Белорусија
-

Тројца повредени во сообраќајка на патот Валандово-Удово
-

Мицкоски: Го исполнивме ветувањето, 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди
-

На бриселскиот аеродром запленет кокаин во вредност од 4,3 милиони евра
-

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Градско – Велес поради сообраќајна несреќа
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

10.210 сообраќајни прекршоци до сега во месец ноември, приведени 55 лицa за безобзирно управување на возило
-

Костадиновски: Лојалноста кон Уставот е должност на секој граѓанин
