Трамп најавува промена на сликата за него кај гласачите во САД
Њујоршкиот бизнисмен кој води во партиската трка за претседателската номинација во Републиканската партија, Доналд Трамп, најавува промена на сликата за него меѓу гласачите во САД.
Трамп го известил раководството на партијата на состанок зад затворени врати, преку неговите најблиски советници.
Потврда за ваквите навестувања на Трамп се последните прелиминарни избори во Њујорк, на кои милијардерот-политичар уверливо победи, но на кои набљудувачите тврдат дека тој имал „изненадувачки различен“ настап.
Неговото водство меѓу претендентите-републиканци за претседателската номинација ова лето, кое е постојано уште од минатото лето, ги исплаши републиканските политички лидери дека неговиот начин на јавни настапи и неговата политика, може да ги исплашат американските гласчи.
Во вторник има нови прелиминарни гласања во пет други сојузни држави, но американските медиуми забелуваат дека мали се шансите Трамп да освои 1237 делегати за конвенцијата, за да може да биде промовиран во кандидат на Републиканската партија за ноемвриските претседателски избори.
Доколку се случи Трамп да остане без потребниот број делегати, тогаш кандидатот на партијата ќе се избере директно на самата конвенција, низ преговори на партиските лидери.
Според „Вашингтон Пост“ Трамп не би можел да ја добие номинацијата на овој начин, па како кандидати се споменуваат не само неговите сегашни противкандидати, Тед Круз и Џон Кејсик, туку и некои други, кои не учествуваа во досегашнта изборна трка, или испаднаа во претходните етапи.
Трамп има низок рејтинг меѓу женските гласачи, поради неколку негови контроверзни изјави за жените, абортусот, или за сопругата на неговиот противкандидат, сенаторот од Тексас Тед Круз.
Последното истражување на Си-Ен-Ен покажа дека доколку во трката за Белата куќа се најдат Хилари Клинтон и Трамп, републиканскиот кандидат би доживеал уверлив пораз со 64:33 проценти од гласовите.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии