Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска и утре одделно ќе пристигнат некои европски лидери во САД за разговори околу можностите за прекин на војната меѓу Русија и Украина.
По враќањето од финалето на Отвореното првенство на САД во тенис во Њујорк, Трамп пред новинарите соопшти дека наскоро повторно ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.
„Некои европски лидери пристигнуваат во нашата земја в понеделник или вторник, одделно, рече Трамп, без да открие кои лидери се во прашање. Белата куќа засега не одговори на барањата за повеќе детали.
Трамп изрази незадоволство од ситуацијата во Украина, откако новинарите го прашаа за масовниот руски воздушен напад во ноќта кон неделата, за кој Киев соопшти дека предизвикал пожар во главната владина зграда.
Американскиот претседател сепак повтори дека е уверен оти војната наскоро ќе заврши со договор. – Ние наскоро ќе ја решиме руско-украинската ситуација, нагласи Трамп.
МИА
Ново на Сител
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети
-
Турчин тешко повреден додека работел во фабрика во неготинско