-->
-->
Трамп најави отворање своја социјална мрежа – „Truth Social“
-->

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп формираше своја социјална мрежа „Truth Social“. Тој објави за платформата откако беше забранет од Твитер, Фејсбук и Јутјуб во јануари, обвинувајќи го дека ги поттикнал своите поддржувачи на агресија преку неговите профили пред нападот на Капитол. Платформата почнува со работа во ноември, како бета веризија – односно од идната година целосно функционална, јавија американски медиуми.
Поранешниот претседател сака да се „спротивстави на тиранијата на технолошките гиганти“ кои „ја искористија својата еднострана сила за да ги замолчат гласовите на несогласување во Америка“, наведе тој во соопштение.
Платформата ќе биде во сопственост на новоформираната Trump Media & Technology (TMTG), структура што ќе обезбедува и видео услуги.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
-

Компаниите не знаат колку ќе плаќаат за декарбонизација
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Пoвторно случаи со телефонски измами во Охрид
-

Живот под отворено небо
