Трамп наиде на достоен противник во бесконечното ракување
Американскиот претседател Доналд Трамп конечно најде некој рамен на себе си. Барем кога во прашање е ракувањето.
Ракувањето на Трамп привлече големо внимание на светските медиуми. Американскиот претседател често е многу неформален во крајно формални прилики, па така неговото ракување со светските официјалните лица траеја долго и често енергично, дури и кога се жените во прашање.
Благодарение на претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон и самиот имаше можност да ја почуствува непријатноста во која ги доведува другите.
Рахмон и Трамп се сретнаа во Саудиска Арабија овој викенд. Рахмон го „потресе“ Трамп токму онака како што тоа тој го прави со другите.
На присутните им се чинеше дека американскиот претседател на сите начини се обидувал да се извлече од цврстото стегање на својот соговорник, но како да немал доволно сили.
Сега го тоа го почувствува на своја кожа колку непријатно може да биде ракувањето, можеби му е јасно зошто германската канцеларка Ангела Меркел одби да му подаде рака после состанокот во Белата куќа.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран