Трaмп му наредил на советник на Белата куќа да побара од Сешнс да не се иззема од „руската“ истрага
Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на советник во Белата куќа да побара од јавниот обвинител и министер за правда Џеф Сешнс да не се иззема од истрагата на Министерството за правда за евентуална поврзаност на Русија со неговата кампања за претседателските избори во ноември 2016 година.
Сешнс, кој беше висок член на изборниот штаб на Трамп, беше под голем притисок на јавноста да се повлече од истрагата. Но советниокот во Белата куќа Доналд Мекган по наредба на претседателот лобирал кај Сешнс да остане главен во истрагата, тврдат двајца анонимни извори кои биле запознати со разговорот.
Министерот за правда на САД уште во март минатата година го отфрли барањето да остане во истрагата. Тој го стори тоа откако беше откриено дека во 2016 година разговарал со тогашниот руски амбасадор во САД, Сергеј Кисљак.
„Њујорк Тајмс“ објави дека Трамп му наредил на Мекган да стапи во контакт со Сешнс.
Ново на Сител
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома