Трамп ќе воведе дополнителни царини за 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа предложи воведување дополнителни царини од 10 или 12,5 проценти за увозот од 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ, со цел, како што велат, да се ограничи трговијата со принудна работа, што ѝ штети на американската трговија.
Предлогот на Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) е дел од најновата истрага за нефер трговски практики, според Член 301, која беше објавена во моментот кога администрацијата на Трамп се обидува да ги врати своите вонредни царини, кои беа укинати во февруари од страна на Врховниот суд на САД, пишуваат британските медиуми.
USTR објави дека одлучила да воведе царина од 10 отсто за увоз од Канада, Еквадор, Европската Унија, Индонезија, Мексико, Пакистан, Аргентина, Бангладеш, Камбоџа, Салвадор, Гватемала, Индонезија, Малезија, Тајван и Велика Британија.
Агенцијата објави дека ќе воведе дополнителни царини од 12,5 проценти за преостанатите 45 земји што ги истражува.
„Неуспехот на нашите најважни трговски партнери да се справат со увезената стока произведена со принудна работа е неприфатлив. Тоа создава динамика во која американските работници се принудени да се натпреваруваат глобално под нееднакви услови“, рече трговскиот претставник на SAD, Џејмисон Грир.
USTR, исто така, изјави дека предлага механизам за текстилот што би го олеснил влезот на одредени количества облека и текстил во САД по намалена царинска стапка, иако царините и количествата не се објавени.
Британските медиуми пренесуваат дека објавата на USTR доаѓа во пресрет на 24 јули и истекот на привремената царина од 10 отсто воведена од администрацијата на Трамп на 20 февруари, кога Врховниот суд ја поништи царината на американскиот претседател според Законот за меѓународни вонредни економски овластувања.
USTR пред два дена предложи царина од 25 проценти за многу бразилски производи како резултат на истрага според Член 301 за практиките за дигитална трговија и преференцијалните царини во земјата. Се очекува дека трговската агенција наскоро ќе ги објави своите наоди за акумулацијата на вишок индустриски капацитет кај 16 трговски партнери, вклучувајќи ја и Кина.
Во наодите за присилна работа USTR наведува дека ќе ослободи од царина серија производи, вклучувајќи ги енергијата, ретките земни метали и одредени други метали, говедско месо, кафе, одредено овошје и зеленчук, фармацевтски производи, органски хемикалии и делови за авиони.
МИА
Ново на Сител
-

Угостителски услуги во мај на годишно ниво поскапи за 2,6 отсто
-

Француско-германски нон пејпер предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство
-

Рокас: Заложбите од 2022 година треба да се спроведат, се надевам на контруктивност од соседите и ЕУ во наредните месеци
-

Со изведување материјални докази продолжува судењето против 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
-

Во август излегува албум на Принс со досега неиздадени песни
-

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата досега
-

Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки
-

Почна доброволното служење воен рок за жени во Грција со 72 кандидатки
