Трамп ќе објави дали се повлекува од иранскиот нуклеарен договор
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска планира да ја повлече поддршката за нуклеарниот договор со Иран и да претстави агресивната стратегија.
Со тоа САД не би се повлекле од Договорот, но Конгресот ќе има 60 денови да одлучи дали Вашингтон повторно ќе воведе санкции кон Иран.
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за тоа прашање веќе се консултира со своите колеги во Европа и во Кина.
Трамп е под голем притисок како во САД, така и од светот да не го поништи Договорот.
Според договорот постигнат меѓу Техеран и шесте светски сили во 2015 година, Иран се согласи да ја замрзне својата нуклеарна програма во замена за делумно укинување на санкциите.
Трамп уште во кампањата на претседателските избори го критикува Договорот и вети негово понишптување.
Конгресот побара од Трамп на секои 90 дена да потврдува дали Иран го почитува Договорот. Претседателот на САД тоа го направи двапати досега.
Доколку Трамп се повлече од Договорот, тој или некој од неговите наследници во Белата куќа еден ден би можел да се соочи со одлуката да употреби воена сила за да го запре Иран во развивање на нуклеарна бомба.
Ново на Сител
-
Заклучоци од седница на Влада
-
Медицински техничар од Србија спаси 4-годишно девојче од Македонија по срцев застој во Неа Врасна
-
Катарскиот премиер се надева дека Израел нема да го искористи примирјето во Иран за да продолжи со бомбардирање на Газа
-
За четири дена на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 800 мигранти
-
Бројот на жртви во Газа надмина 56.000
-
Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
-
75-годишен дедо почина по службен разговор во полиција во Охрид
-
Богојески заминува од функцијата директор на Национална агенција, ќе раководи со друга институција