Заклучоци од седница на Влада
Владата донесе одлука за активирана Фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови и нови 116 милиони денари за 47 проекти наменети за развој на урбаните и специфичните подрачја, селата и центрите во планските региони
Почитувани,
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030.
Се задолжуваат сите министерства, органи на државна управа и други надлежни институции активно да ги спроведуваат мерките и препораките и да ги известат и координираат сите подрачни служби, јавни установи и други правни субјекти во нивна надлежност за спроведување на мерките предвидени во Фаза 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030, односно:
- Јавни комуникации и информирање, Министерството за здравство, во координација со УХМР и ИЈЗ, редовно да информира за состојбата со топлотниот бран.
- Активирање на планови за вонредни услови, сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.
- Работни услови и заштита на работниците, да се разгледа можноста за:
Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;
Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо;
Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно Акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;
Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, доколку работодавецот не е во можност да создаде соодветни микроклиматски услови за работа.
-Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина;
-Здравствените, образовните и социјалните установи да постапат согласно плановите за вонредни состојби, да го ротираат персоналот, и да обезбедат климатизирани простории за пациентите и вработените;
-Центрите за социјална работа, локалната самоуправа и Црвениот крст да ја интензивираат теренската поддршка за осамени, стари и бездомни лица;
-Образовните установи и градинките да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
-Работодавачите да обезбедат соодветни услови за работа (температура до 25°C) и по можност да применат онлајн работа или флексибилно работно време;
-Да се обезбеди климатизиран јавен превоз за граѓаните во текот на целиот ден.
Дополнително, Владата ги донесе одлуките на предлог на Министерството за локална самоуправа со кои се доделуваат средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој, проекти за развој на селата, проекти за развој на планските региони и проекти за развој на планските региони во 2025 година. Со реализирање на проектите се обезбедува политика на рамномерен регионален развој, намалување на диспаритетите во планските региони и подигнување на квалитетот на живот на граѓаните.
Воедно, Владата на денешната седница го донесе и Меморандумот за соработка помеѓу Владата и организацијата Македонија 2025.
Целта на Меморандум е воспоставување на рамка за институционална соработка во следните области од взаемен интерес:
Унапредување на економскиот и општествениот просперитет на Северна Македонија;
Зајакнување на врските со македонските иселеници, подобрување на услугите на државата за иселениците, и привлекување на иселениците за враќање, живот, работа и инвестирање во Северна Македонија.
Поддршка на развојот на претпријатијата и подобрување на деловното окружување;
Поттикнување на дигитална трансформација во јавниот и приватниот сектор;
Поддршка на наука, иновации и технолошки развој.
Генерален секретаријат
Сектор за односи со јавноста
Ново на Сител
-
Усвоени измени на Законот за царинска тарифа, се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД
-
Биди кокиче на новиот живот | Дора Попова | Sitel Podcast 099
-
70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”
-
Две девојки повредени при сообраќајна незгода
-
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Жеден еж спасен по пожар во Грција
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули