Трамп: Ќе биде добро доколку бројот на мртви во САД го задржиме под 100.000
Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја продолжи препораката за социјално дистанцирање ширум земјата за нови 30 дена, до крајот на април, јавија американските медиуми.
Трамп оваа мерка ја донесе откако експертите го предупредиле на опасноста од ширење на коронавирусот, како и на тоа дека пикот на бројот на жрвите на дневно ниво може да биде достигнат дури за две недели.
Милиони Американци ќе бидат заразени со коронавирус, а во САД може да умрат меѓу 100.000 и 200.000 лица, изјави претходно водечкиот епидемиолог во САД, Ентони Фаучи, а на вчерашната прес конференција, според Си-Ен-Ен, Трамп кажал дека доколку бројот на жртви биде помал од 100 илјади, тогаш ќе значи дека „ е направена добра работа“.
Трамп, кој планираше да ги намали бројот на препораки барем во деловите од земјата кои се помалку погодени од пандемијата, сепак, одлучи да ја продолжи мерката за социјално дистанцирање, со што премолчено призна дека бил преголем оптимист, пренесоа американските медиуми.
Препораките ќе важат и за католички Велигден, што во САД се одбележува на 12 април, до кога Трамп се надеваше дека земјата и нејзината економија повторно ќе почнат да функционираат под полна пареа.
Многу сојузни држави и локални влади воведоа строги контроли за движење и собирања на граѓаните.
Во САД досега се регистрирани на 137.000 заболени од коронавирус , а умреа повече од 2.400 лица.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите