Трамп: Кина сака да преговара за трговската војна
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека Кина во текот на ноќта ги контактирала американските трговски службеници, кои велат дека сакаат да се вратат на преговарачката маса, поздравувајќи ја веста како многу позитивен развој за светот.
Зборувајќи на маргините на самитот Г-7, Трамп го поздрави кинескиот претседател Си Џинпинг нарекувајќи го голем водач и притоа ја поздрави и неговата желба за договор и смирување на состојбата.
И потпретседателот на кинеската Влада и главен преговарач со Вашингтон Лиу Хе изјави дека Пекинг е подготвен за решавање на трговскиот спор со САД преку „мирни“ преговори и дека одлучно се противи на ескалација на конфликтот.
Лиу во обраќање на технолошката конференција во кинескиот град Чонгчинг рече дека никој нема корист од трговската војна.
– Подготвени сме да го решиме ова прашање преку консултација и соработка на мирен начин и одлучно се спротивставуваме на ескалација на трговската војна, рече Лиу.
Трамп пред три дена објави дополнителни царини за кинеската стока во вредност од околу 550 милијарди долари, неколку часа откако Кина воведе возвратни царини на американската стока во вредност од 75 милијарди долари.
Ново на Сител
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина
-
Ќе се шири истрагата за Грчец
-
Нема пензионерски домови
-
Агелер: Заедно ќе го чекаме победникот
-
Преглед на вестите од светот
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата