Трамп: Како претседател на САД ќе направам повеќе од Клинтон за правата на жените
Кандидатот на републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека доколку биде избран за шеф на државата ќе направи повеќе за правата на жените отколку неговата противничка од Демократската партија Хилари Клинтон.
- Противкандидатката сака да каже дека со децении се бори за жените и за децата. Зошто тогаш 70 милиони американски жени и деца живеат во сиромаштија во нашата земја?, праша Трамп на предизборната средба во Роаноук, заклучувајќи дека ништо не направила по тоа прашање.
Неколку часа претходно, Трамп на Твитер напиша дека на утрешната телевизиска дебата со Хилари Клинтон ќе ја донесел Џенифер Флауерс, поранешна љубовница на Бил Клинтон. Во одговор на неговиот твит, портпаролката на предизборниот штаб на Клинтон, Џенифер Палмиери истакна дека „Хилари планира да ја искористи дебатата за разгледување на проблемите кои ги мачат граѓаните, но и дека не е воопшто чудно што Трамп избрал поразличен начин за претставување пред јавноста“.
Во Њујорк денеска се очекува да се одржат одделни средби меѓу кандидатите за претседател на САД и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет