Трамп ја призна победата на Бајден
Џо Бајден ќе биде следниот претседател на САД, призна американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, по насилниот упад на неговите приврзаници во зградата на Конгресот. Според АП, Трамп, кој во четвртокот наутро сè уште неосновано тврдеше дека изборите се украдени, синоќа објави дека ќе се фокусира на непречената и мирна транзиција на власта кон администрацијата на Бајден.
„Конгресот ги потврди резултатите. Новата администрација ќе биде инаугурирана на 20 јануари. Сега сум фокусиран на обезбедување непречен и мирен трансфер на власта. Овој момент бара зараснување на раните и помирување”, рече Трамп на видеото објавено на Твитер. Тој го осуди насилството, велејќи дека бунтовниците го извалкаа седиштето на американската демократија. Сепак, тој не зборуваше за неговата улога во поттикнување на насилство, пренесува АП.
„Вечно ми е чест да служам како ваш претседател. Им кажувам на сите прекрасни приврзаници дека знам дека сте разочарани, но исто така сакам да ви кажам дека нашето извонредно патување штотуку започнува”, рече Трамп.
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
