Трамп ја претстави новата стратегија на САД за Авганистан

Новата американска стратегија во Авганистан и во регионот ќе зависи од околностите на теренот, а не од временските рамки, изјави претседателот на САД Доналд Трамп во своето прво официјално телевизиско обраќање до американскиот народ како претседател.
Од воената база Форт Маерс во Арлингтон, Вирџинија, Трамп ја изложи новата стратегија за најдолгиот американски воен конфликт, пренесува БТА.
- Јадрото на нашата нова стратегија е транзиција од приод базиран на временски рокови кон пристап базиран на околности, рече Трамп.
Тој посочи дека „неговиот првичен инстинкт му бил за повлекување“ од Авганистан, но дошол до друг заклучок откако го проучил ова прашање како Претседател.
Трамп оцени дека брзото повлекување од Авганистан ќе создаде вакуум на моќ, што терористите веднаш ќе го пополнат.
Американскиот претседател рече дека на САД му треба план за „пристоен и траен резултат“ во Авганистан, достоен за жртвите од регионот.
Според неговите зборови, американските војници „ќе се борат да победат" во Авганистан. Трамп потенцира дека САД ќе продолжат да соработуваат со авганистанската влада, се додека гледаат решителност и напредок во земјата.
- Владата на Авганистан и авганистанската војска мора да го преземат својот дел од товарот во војната против терористичките групи, како што се Талибанците, вели Трамп.
- Целта на американските сили во Авганистан ќе биде да ги пронаоѓаат и убиваат терористите, а не да изградат нација, рече тој.
Тој истакна дека САД ќе го прошират овласувањето на своите вооружени сили во Авганистан за борбата против тероризмот.
Трамп, исто така, остави можност за зголемување на бројот на американски војници во Авганистан, но рече дека нема да зборува за војници или за плановите за идните воени активности.
Американскиот претседател изјави дека го споделува чувството на незадоволство на Американците за најдолгиот воен конфликт во земјата.
Тој не кажа колку американски војници може да бидат испратени дополнително во Авганистан, но секретарот за одбрана Џејмс Матис, планира да испрати уште 4.000 војници, како дополнение на веќе стационираните 8400 во земјата.
Американскиот претседател, исто така, рече дека го цени придонесот на Индија за враќање на стабилноста во Авганистан, но додаде дека сака од Индија поголема поддршка од гледна точка на економскиот развој.
Американскиот претседател се заложи за построг пристап кон Пакистан и дополни дека САД не можат да молчат за терористичките засолништа кои се наоѓаа таму. Тој оцени дека Пакистан често обезбедува засолниште за „агенти на хаос, насилство и терор“, додавајќи дека талибанците и другите групи претставуваат закана за регионот и пошироко.
Шефот на американската држава изјави дека Пакистан може многу да профитира од партнерство со САД и многу да изгуби од пружање засолниште на терористите.
- Ние плаќаме милијарди и милијарди долари на Пакистан, а во исто време тие даваат засолниште на оние терористи против кои се бориме, рече Трамп.
Ново на Сител
-

Над 50 хектари зафатени од пожар во Дебрца, спречено ширење кон посеви со пченка и фотонапонска централа
-

Приведени двајца српски државјани, возеле со брзина од 169км/ч и 175км/ч на место каде дозволената брзина е 80км/ч
-

Финска деветта година по ред најсреќна земја во светот – достапно здравство и бесплатно образование без национални тестови
-

АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари
-

МВР со засилени контроли - приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа
-

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за „Пулс“
-

Макрон со порака дека доколку е потребно, протестите ќе бидат забранети
-

Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели се зголеми на шест
