Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск; закани за нови царини кон Канада и Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја нарече „непријатна“ казната што Европската Унија ѝ ја наложи на социјалната мрежа „Икс“ (X) на Илон Маск и додаде дека не разбира како може да се оправда таква мерка.
Компанијата „Икс“ на Маск минатата недела беше казнета со 120 милиони евра (140 милиони долари) од европските технолошки регулатори за прекршување на правилата за онлајн содржина.
- Европа се движи во многу лоша насока, им рече Трамп на новинарите на настан во Белата куќа и додаде дека очекува да добие целосен извештај за случајот подоцна денеска. – Не знам како можат тоа да го прават, рече Трамп. Според него, Илон Маск не му се јавил и не побарал помош од него во врска со случајот. – Европа мора да биде многу внимателна“, предупреди Трамп.
ЕУ на 5 декември го казни Икс со 120 милиони евра (140 милиони американски долари) за кршење на нејзините правила за транспарентност, обвинувајќи ја платформата за лажно авторизирање на корисничките профили со сини ознаки, дека крие податоци од истражувачите и не ги документира транспарентно рекламите поставени на платформата. Комисијата соопшти дека висината на казната е пропорционална на прекршувањето.
На истиот настан, Трамп рече и дека ќе воведе високи царини за вештачките ѓубрива од Канада, доколку тоа биде неопходно.
- Многу од нив доаѓаат од Канада и ние ќе им наметнеме високи царини, ако е потребно, бидејќи тоа е начинот на кој сакаме да ги стимулираме нашите производители, изјави Трамп во врска со увозот на вештачки ѓубрива од Канада.
Трамп се закани и дека ќе воведе дополнителни 5-процентни царини за Мексико, кое го обвини дека го прекршува договорот за споделување на водата со САД.
„Ако Мексико не одговори на нашите барања, тоа ќе биде многу нефер кон нашите земјоделци кои ја заслужуваат оваа толку потребна вода“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“.
МИА
Ново на Сител
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
