Трамп ја напушти Белата куќа
Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, пред малку, заедно со сопругата Меланија Трамп, и официјално заминаа од Белата куќа и Вашингтон. Со хеликопер на американските вооружени сили Трамп се упати во воената база Ендрјус, каде беше пречекан од членови на семејството и поддржувачи.
Во своето кусо обраќање од импровизирната говорница на пистата, Трамп на толпата која му ракоплескаше и му скандираше и кажа дека ги сака од дното на своето срце, поединечно заблагодарувајќи им се на членовите на неговиот кабинет.
Во обраќањето до поддржувачите кои скандираа дека го сакаат, Трамп кажа дека изминатите четири години биле извонредни, во кои САД повторно се изградија како голема нација, со силна економија, со силна армија, регуларна администрација и даночна реформа.
-Секогаш ќе бидам со вас,ќе ве гледам и слушам за се што ќе ве мачи, им порача Трамп .
Мелани Трамп само кусо се заблагодари за поддршката што ја имала како прва дама и честа да помага.
По краткото задржување, Трамп оттаму со претседателовиот авион „Уан форс“ отпатува во своето ново живеалиште, рисортот на Флорида.
Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на САД ќе се одржи денес на пладне по локално време, односно 18 по средноевропско време и тоа ќе биде првата церемонија во поновата историја на која нема да присуствуваат претседателот во заминување и првата дама.
Во моментов Бајден се очекува на миса во една католичка црква во Вашингтон.
Бајден ќе положи заклетва како 46-ти претседател на САД на 59-та церемонија на инаугурацијата, и за разлика од претходните церемонии, традиционалните говори, настапи и поранешните претседатели ќе се појават пред мала, физички оддалечена публика, со заштитни маски, и во затворен град заради пандемијата.
По заклетвата, Бајден ќе го има своето прво обраќање до нацијата како претседател, пишува Ен-Би-Си Њуз.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова е одбрана само за да изгуби
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Груп“
-
Лицата со инвалидитет бараат да бидат ставени на советничките листи за претстојните локални избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација