Трамп ја именува Ејми Кони Барет за нов судија во Врховниот суд на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп ја назначи Ејми Кони Барет (48) за судија на Врховниот суд, која ќе ја замени неодамна починатата Рут Бадер Гинзберг.
Номинацијата му дава шанса на Трамп да го зголеми своето конзервативно мнозинство во судот помалку од шест недели пред претседателските избори.
Претставувајќи го својот кандидат на церемонијата во Белата куќа, Трамп рече дека Ејми Кони Барет е една од „најбрилијантните и најталентирани правни умови“ во САД.
Доколку биде потврдена во Сенатот, Берет ќе стане петтата жена во Врховниот суд, а конзервативците тогаш ќе имаат мнозинство од 6:3 во однос на либералите во тоа највисоко судско тело на САД.
Барет беше назначен од Трамп за судија на Федералниот апелационен суд во 2017 година.
Судија на Врховниот суд е доживотна функција во САД.
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска