Трамп: Израел и Хамас се блиску до постигнување некаков договор

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пред новинарите во Овалната соба изјави дека Израел и Хамас се блиску до постигнување на „некаков вид договор“ за потенцијален прекин на огнот.
– Имавме одлична средба пред некој ден на Генералното собрание на ОН и мислам дека сме блиску до постигнување некаков договор. Да, сакаме, сакаме да ги вратиме заложниците. Морам да ги вратам заложниците, рече Трамп.
Тој информира дека се сретнал со лидерите на Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Јордан.
– Имавме навистина одлична средба. Мислам дека многу работи беа одлучени на таа средба, рече Трамп.
На прашањето колку брзо би можел да биде постигнат пакт, тој рече дека ќе мора да разговара со Израел.
– Тие знаат што сакам. Мислам дека тоа можеме да го завршиме. Се надевам дека можеме да го завршиме. Многу луѓе умираат, но сакаме да ни се вратат заложниците, рече Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
