Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да преземе контрола врз иранската нафта, опишувајќи ги критичарите во Соединетите Држави како „глупави“ во интервју за британскиот весник „Фајненшл тајмс“.
– Да бидам искрен со вас, најмногу би сакал да ја земам нафтата во Иран. Но, некои глупави луѓе во САД велат: „зошто го правиш тоа?“ Но, тие се глупави луѓе“, изјави Трамп.
Заземањето на иранската нафта најверојатно би барало американските сили да го заземат островот Харг во Заливот, преку кој течат приближно 90 проценти од извозот на нафта во земјата, пренесе ДПА. Пентагон наводно распоредил околу 10.000 војници обучени за копнени операции, иако експертите предупредуваат дека окупирањето на островот би можело да ги изложи војниците на ирански напади.
Трамп за весникот изјави дека верува оти иранската одбрана на Харг е слаба, велејќи: „Мислам дека тие немаат никаква одбрана. Би можеле да го заземеме многу лесно“, но додаде дека американските сили можеби ќе треба да останат таму „извесно време“.
– Можеби ќе го земеме островот Харг, можеби не. Имаме многу опции – рече тој.
И покрај заканите, Трамп рече дека индиректните разговори со Иран преку пакистански посредници напредуваат. Тој постави нов рок за Иран да го прифати договорот за прекин на тековниот конфликт, предупредувајќи дека може да следуваат американски напади врз иранскиот енергетски сектор доколку не се постигне договор.
На прашањето дали прекинот на огнот во наредните денови би можел повторно да ја стратешки виталната Ормуска Теснина за глобалните текови на нафта и гас, Трамп одби да даде детали.
– Ни преостанаа уште околу 3.000 цели, бомбардиравме 13.000 цели – рече тој, додавајќи дека договорот „би можел да биде постигнат прилично брзо“.
МИА
Ново на Сител
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс 2026“
-

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

Мицкоски на увид во изградба на новата училишна зграда со поврзување на постоечкото ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден
-

Лазарева поворка и каланди во центарот на Скопје по повод Лазарева сабота
-

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
-

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут
