Трамп изјави дека САД ќе ја „довршат работата“ во Иран за „можеби две недели“

Американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава во Белата куќа, рече дека очекува САД да ја „довршат работата“ во Иран „во рок од можеби две недели, можеби неколку дена подолго“.
На новинарско прашање кога САД ќе бидат „надвор или готови со војната“ во Иран, Трамп одговори: „Мислам за две или три недели“, пренесе ДПА.
– Ќе си заминеме затоа што нема причина да го правиме ова – продолжи Трамп.
Тој подоцна дообјасни дека иако промената на режимот во Техеран „не беше една од работите што ги имав како цел“, тој сепак имал една цел.
– Имав една цел, да нема нуклеарно оружје, и таа цел е остварена. Тие нема да имаат нуклеарно оружје, но ја довршуваме работата и мислам дека во рок од можеби две недели, можеби неколку дена подолго за да се заврши работата, но сакаме да го уништиме секој поединечен објект што го имаат, изјави Трамп.
– Можно е да постигнеме договор и пред тоа – додаде американскиот претседател.
САД и Израел го напаѓаат Иран од 28 февруари, додека Иран врши одмазднички напади врз Израел и земјите во регионот каде што има американско воено присуство.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
-

Папата: Не молчете пред светските конфликти
-

Орбан свика вонреден совет за одбрана откако експлозиви беа пронајдени во Кањижа
-

Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
-

Приведени двајца алкохолизирани тиквешани, едниот возел и без возачка, а друг се расправал со полицајци
-

Променливо време со силен ветер и дожд од средината на неделата
-

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски
