Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран

Прекинот на огнот меѓу Иран и САД се чини загрозен денеска откако американскиот претседател Доналд Трамп го осуди „глупавиот предлог“ од Техеран, пренесе ДПА.
Трамп го нарече иранскиот предлог „парче ѓубре“ и предупреди дека прекинот на борбите е на „апарати за дишење“.
Дипломатските напори за постигнување мировен договор меѓу Техеран и Вашингтон се во застој во последните недели, и покрај прекинот на огнот кој трае повеќе од еден месец.
Втората рунда директни преговори во Пакистан не се реализираше и покрај неколкуте обиди.
Иранските државни медиуми јавија дека планот претставен од Иран бара американска отштета за воените штети.
Техеран, исто така, бара целосен суверенитет над Ормуската Теснина, укинување на санкциите против земјата и ослободување на запленетиот ирански имот.
Според извештаите, спорот околу иранската нуклеарна програма – клучна пречка во преговорите – не бил дел од најновиот предлог.
Трамп рече дека Иран во последните денови се согласил да им дозволи на САД да го отстранат збогатениот ураниум од земјата. „Но, тие се предомислија бидејќи тоа не го ставија на хартија“, додаде тој
МИА
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
