Трамп им оддаде почит на загинатите во Перл Харбор
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп им оддаде почит на загинатите во нападот врз Перл Харбор пред 75 години, при што ги нарече американски херои кои ги жртвувале своите животи.
Цитирајќи го поранешниот претседател Роналд Реган, Трамп изјави дека „непријателите на САД се промениле изминативе 75 години, но во стремежот кон мир не може да има сомневање во победата“.
Реган во 1987 го прогласи 7 декември за Национален ден во спомен на Перл Харбор.
- Денес ние го носиме факелот на слободата, кој ни го предадоа тие храбри Американци, изјави вчера Трамп говорејќи за 2.403 загинати и 1.178 ранети во нападот.
На Хаваи стотици луѓе кои ги преживеале нападот, ветерани од Втората светска војна и членови на нивните семејства учествуваа во церемонијата во спомен на нападот.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
-
Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци