Трамп: И Хилари лажеше, а на Флин му го уништија животот
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска застана во одбрана на својот поранешен советник за национална безбедност Мајкл Флин, изјавувајќи дека не е фер што му го уништиле животот, бидејќи излажал во изјава за Федералното истражно биро (ФБИ), додека Хилари Клинтон, како што рече, лажела многу пати и ништо не и се случило.
- Се чувствувам лошо поради Флин. Хилари Клинтон на 4 јули отиде во ФБИ. Не беше ниту под заклетва. Тоа е најневеројатната работа која некој некогаш ја видел. Лажеше многу пати и ништо не и се случи. Флин излажа и му го уништија животот. Не е фер, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа.
Хилари Клинтон во јули 2016 година одговараше на прашања во врска со нејзиното користење на приватниот сервер за доверливи владини мејлови, додека беше државен секретар.
Флин во петокот призна дека го лажел ФБИ околу своите средби со тогашниот руски амбасадор во САД Сергеј Кисљак и се согласи да помогне во истрагата за можното руско мешање во американските избори во 2016 година на специјалниот советник Роберт Милер.
Москва во повеќе наврати демантираше дека се мешала во изборите
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек