Трамп: И двете страни се виновни за насилството во Шарлотсвил

Американскиот претседател Доналд Трамп ја брани својата првична, доста спорна и напаѓана, реакција на саботното насилство во градот Шарлотсвил, забележувајќи дека вината, според него, ја сносат „и двете страни“, пренесе ДПА.
Во тензичен разговор со новинарите во „Трамп тауер“ во Њујорк претседателот ги дообјасни своите првични коментари со недостиг од доволно информации.
- Кога давам изјава, се трудам да бидам точен. Сакам да ги знам фактите, рече тој, разјаснувајќи зошто чекал до понеделник за да го осуди расистичкото насилство во малиот град од сојузната држава Вирџинија.
Подложен на вкрстен новинарски оган, Трамп, меѓутоа, потоа ја бранеше својата првична реакција.
- Гледав многу внимателно, много повнимателно од повеќето луѓе. Од една страна имаше група многу агресивни луѓе, но и луѓето од другата страна, исто така, беа многу агресивни. Никој не сака да го каже тоа, изјави Трамп.
Тој потсети дека во првичниот протест учествувале луѓе кои едноставно сакале да протестираат против симнување на статуата на генералот на армијата на Конфедерацијата во Граѓанската војна, Роберт Ли, а не приврзаниците на идејата за надмоќ на белите.
- Тие тргнаа едни кон други со стапови, беше страшно, ужасно, додаде претседателот.
„Го осудив неонацистите, но не сите таму беа неонацисти или бели расисти“, кажа тој.
Трамп го бранеше и својот главен стратег, Стив Банон, оценувајќи го како „совесен човек, а не расист“.
- Го сакам Банон, тој е пријател, рече претседателот, подвлекувајќи дека тој дошол доцна во неговата екипа и во воздухот оставил да лебдат сомневањата за неговата иднина. Ќе видиме што ќе се случи со Банон, додаде тој.
Весникот „Њујорк тајмс“ вчера напиша дека медиумскиот магнат Руперт Мардок пред извесно време го посоветувал Трамп да го смени Банон - претставник на американската алтернативна десница. Според весникот, на вечера во Белата куќа, на почетокот на август, основачот на „Фокс њуз“, на претседателот му препорачал да се ослободи од поранешниот сопственик на сајтот „Брајтбарт“, кој го претворил во платформа на американската екстремна десница, преименувана во „алтернативна десница".
Ново на Сител
-

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“
-

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
-

Димитриевски за Изборниот законик: Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо
-

Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата на 600–700 производи е во завршна фаза
-

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч
-

Јаневска: Неправилностите во работењето ќе значат одземање акредитации за високообразовни институции
-

Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
