Трамп: Хилари Клинтон е ментално нестабила и растроена
Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД Доналд Трамп на синоќешниот предизборен митинг изјави дека неговата противкандидатка од редовите на Демократската партија Хилари Клинтон е ментално нестабилна, коментирајќи го нејзиното признание дека доживеала „краток спој“ во аферата со приватните меилови.
- Луѓето во оваа земја не сакаат некого кој ќе доживува кратки спојови, изјави Трамп пред приврзаниците во Њу Хемпшир, опишувајќи ја поранешната државна секретарка како „опасен лажго и целосно растроена неурамнотежена личност“.
За време на собирот, проврзаниците на Трамп извикуваа „Заклучете ја!“.
Клинтон во петокот призна дека „можеби доживеала краток спој“ кога се обидела да пружи објаснување во врска со употребата на својот приватен сервер за праќање државни меилови.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите