Трамп: Хамас ќе се однесува пристојно или ние ќе ги искорениме

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека палестинското милитантно движење Хамас треба „да се однесува пристојно“, или, како што рече, ќе се соочи со сериозни последици.
-Тие ќе бидат пристојни, а ако не бидат, ние ќе одиме и ќе ги искорениме – рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа, по потпишувањето на договор за ретки минерали со австралискиот премиер Ентони Албанезе – пренесе „Гардијан“.
Трамп рече дека „Хамас беше многу насилен“, но дека „веќе ја немаат поддршката од Иран“.
-Тие веќе немаат ничија поддршка. Мора да бидат добри, а ако не се добри, ќе бидат искоренети – заклучи Трамп.
Во Газа е на сила примирје меѓу Хамас и Израел, кое беше постигнато врз основа на мировниот план на Трамп за Газа и ослободувањето на заложниците, кое беше поддржано од лидерите на триесет земји на самитот во Египет.
Според израелската армија, прекинот на огнот во неделата го прекршиле припадници на Хамас, кои излегле од тунел и отвориле оган врз израелските војници во близина на Рафа, на југот од Појасот Газа, по што израелската армија извршила неколку целни напади врз цели во Газа.
МИА
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
