Трамп го претстави буџетот за 2019 вреден 4.400 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го претстави буџетот „тежок" 4.400 милијарди долари за 2019 година, предвидувајќи буџетски дефицит од 984 милијарди долари.
Американски медиуми сметаат дека, сепак, дефицитот ќе достигне 1.200 милијарди долари по минатонеделниот буџетски договор и издвоените 90 милијарди долари наменети за ублажување на ефектите од природните катастрофи.
Медиумите потсетуваат дека тоа е дури и двојно поголем дефицит во споредба со минатогодишните ветувања на администрацијата на Трамп.
Буџетскиот план предвидува пад на буџетските приходи од 3.7 милијарди долари во периодот од 2018 до 2027 година.
Предлог- буџетот на Трамп вклучува и околу 1.500 милијарди долари за реконструкција на патишта, автопати, пристаништа и аеродроми за период од 10 години.
Планот се заснова на користење на 200 милијарди долари од федералниот буџет за поттикнување на локалната самоуправа и сојузните држави да инвестираат во инфраструктурни проекти.
Американскиот претседател во неколку наврати рече дека државните патишта и автопатишта кои „се распаѓаат“ ја кочат американската економија во нејзините напори да го оствари својот целосен потенцијал.
Ново на Сител
-

Приведен неготинец, со 2,99 промили алкохол во крвта се заканувал на неговиот татко
-

Сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов: Никогаш не би дозволил да фали нешто во клубот каде се собираат сите млади и моите деца
-

Грчките земјоделци го блокираа граничниот премин Евзони кон нашата земја
-

Од вечер дожд и на планините снег
-

Илија Панов од Кавадарци осуден на 16 години затвор за убиството на партнерката
-

Бигорски Манастир предупредува: Лажни „чудотворни“ лекови се продаваат под нивно име
-

За 24 часа 110.000 сообраќајни прекршоци само во Скопје
-

Сите обвинети за пожарот во „Пулс“ негираат вина
