Трамп го повика Путин да се согласи на договор со Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика рускиот претседател Владимир Путин да се согласи на договор со Украина. Трамп рече и дека Путин ја уништува Русија со неподготвеноста да постигне договор.
Путин претходно му честиташе на Трамп за неговата инаугурација и рече дека Москва сака „траен мир“ со Киев.
Доналд Трамп рече дека ќе се сретне со Путин, но дека се уште не е одреден датум за средбата. Тој исто така вети дека ќе стави крај на војната меѓу Русија и Украина што е можно побрзо.
Додека потпишуваше извршни наредби во Овалната соба на Белата куќа, Трамп рече дека ќе разговара со Путин, кој „би бил многу среќен кога оваа војна би завршила“.
Во исто време, американскиот претседател изрази мислење дека може да дојде до катастрофа за Русија доколку одбие да преговара и не се договори за прекин на огнот или мир со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Русија се соочува со големи проблеми. Погледнете ја економијата, инфлацијата“, им рече тој на новинарите во Овалната соба.
„Многу добро се согласувам со него (Путин) и се надевам дека ќе се согласи на договор“, рече Трамп.
Американскиот претседател исто така рече дека украинскиот претседател Зеленски сака договор.
Ново на Сител
-

Бројот на жртви во ракетниот напад во Беит Шемеш се искачи на шест
-

Израел отфрла вина за нападот врз иранското основно училиште за девојчиња
-

Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка, ќе се реконструира и граничниот премин Деве Баир
-

Лидерот на Хезболах жали за „маченикот“ Хамнеи
-

МВР: Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола
-

15-годишник силувал 17-годишно девојче откако претходно се договориле да се сретнат
-

Папата Лав XIV упати апел за запирање на спиралата на насилство во Иран
-

Сообраќајка во Битола, повредено 17-годишно момче
