Трамп го повика Путин да се согласи на договор со Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика рускиот претседател Владимир Путин да се согласи на договор со Украина. Трамп рече и дека Путин ја уништува Русија со неподготвеноста да постигне договор.
Путин претходно му честиташе на Трамп за неговата инаугурација и рече дека Москва сака „траен мир“ со Киев.
Доналд Трамп рече дека ќе се сретне со Путин, но дека се уште не е одреден датум за средбата. Тој исто така вети дека ќе стави крај на војната меѓу Русија и Украина што е можно побрзо.
Додека потпишуваше извршни наредби во Овалната соба на Белата куќа, Трамп рече дека ќе разговара со Путин, кој „би бил многу среќен кога оваа војна би завршила“.
Во исто време, американскиот претседател изрази мислење дека може да дојде до катастрофа за Русија доколку одбие да преговара и не се договори за прекин на огнот или мир со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Русија се соочува со големи проблеми. Погледнете ја економијата, инфлацијата“, им рече тој на новинарите во Овалната соба.
„Многу добро се согласувам со него (Путин) и се надевам дека ќе се согласи на договор“, рече Трамп.
Американскиот претседател исто така рече дека украинскиот претседател Зеленски сака договор.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Груби ќе одговара - правда ќе има
-

Донација за ЈЗУ Општа болница Кочани од 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација
-

ФФМ: Транспарентно ги објавуваме дописите од УЕФА поврзани со сомнежи за нерегуларности
-

МВР и АНБ процениле дека Груби не е безбеден во Шутка, велат од Обвинителството
-

Студија: Војната во Украина генерираше 311 милиони метрички тони јаглерод диоксид
-

Охриѓанец нападнал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
-

Трамп вечерва во Конгресот ќе говори за состојбата на нацијата
-

Утрово повторно нови дојави за бомби во основните и средните училишта во Тетово
