Трамп го нoминира лојалниот Каш Пател за шеф на ФБИ
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп има намера да го назначи лојалниот сорабтоник Каш Пател за следен директор на ФБИ, изјави тој самиот синоќа.
Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“ синоќа го најави поранешниот советник и функционер во Пентагон, кој беше критичар на работата на федералната истражна агенција и е познат по неговите контроверзни ставови за владината „длабока држава“, како свој избор за оваа функција.
Актуелниот директор на ФБИ, Кристофер Вреј, од 2017 е на функцијата и е назначен со 10-годишен мандат, што значи дека или ќе мора да поднесе оставка или да биде сменет.
ФБИ под раководство на Вреј, кој беше назначен од Трамп, го истражуваше идниот претседател, што го предизвика гневот на Трамп.
„Каш е брилијантен адвокат, истражувач и борец за „Америка на прво место“, кој ја помина својата кариера откривајќи ја корупцијата, бранејќи ја правдата и штитејќи го американскиот народ“, напиша Трамп на „Truth Social“.
Пател, како ревносен бранител на новоизбраниот претседател, ја поддржува републиканската тврдоглава идеја за анти-Трамп „длабоката држава“ – наводно пристрасни владини бирократи кои зад сцената работат против Трамп, па дури тој напиша и книга на оваа тема.
Како син на индиски имигранти, Пател имаше неколку високи позиции за време на првиот мандат на Трамп, вклучително и советник за национална безбедност и шеф на кабинет на секретарот за одбрана.
„Каш направи неверојатна работа за време на мојот прв мандат“, рече Трамп, додавајќи дека Пател ќе работи на „да стави крај на растечката епидемија на криминал во Америка, да ги разбие мигрантските банди и да го запре злото на трговијата со луѓе и дрога преку границата“.
Ново на Сител
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада