-->
-->
Трамп го именува Кристи за шеф на тимот по предавањето на власта
-->

Фаворитот за републиканската претседателска кандидатура Доналд Трамп објави дека го избрал гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи за шеф на екипата по предавањето на власта, ако биде избран за претседател на САД во ноември.
Кристи (53) откако се откажа од натпреварот за републиканската кандидатура за Белата куќа во февруари, го поддржа Трамп.
- Гувернерот Кристи е со многу солидни познавања и исклучително лојален. Тој има способности и ресурси да ја состави преодната екипа, посочи Трамп.
Преодната екипа ќе раководи до предавањето на власта од Барак Обама на Трамп, ако тој ги победи на изборите на 8. ноември. Обама ќе остане во Белата куќа до јануари 2017 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кратењето на буџетот за ретки болести шок за пациентите
-

Нов кум и здравичар за Бадник
-

Објавен тендерот за градење на Регионален центар за управување со отпад во Свети Николе, планирани се вкупно пет
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
