Трамп ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, но најавува 90-дневна пауза за останатите земји
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека „веднаш“ ги зголемува американските царини за увоз од Кина на 125 отсто, „поради недостиг на почит што Кина го покажа кон светските пазари“.
Но, Трамп во истата објава на Трут Соушл (Truth Social) вели дека „овластил 90-дневна пауза“ за другите земји, укажувајќи на тоа, како што вели, дека повеќе од 75 нации се обратиле за да преговараат. До тогаш царините за нив ќе изнесуваат 10 отсто.
„Врз основа на недостатокот на почит што Кина го покажа кон светските пазари, јас со ова ги зголемувам царините што Соединетите Американски Држави ги наплатуваат на Кина на 125%, со важност веднаш. Во некој момент, се надевам во блиска иднина, Кина ќе сфати дека деновите на измамување на САД и другите земји повеќе не се одржливи или прифатливи. Од друга страна, и врз основа на фактот дека повеќе од 75 земји контактирале претставници на Соединетите Американски Држави, вклучувајќи ги министерствата за трговија, финансии и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, за да преговараат за решение на темите што се дискутираат во врска со трговијата, трговските бариери, царините, манипулацијата со валути и немонетарните тарифи, и дека овие земји, на мој силен предлог, не возвратиле на ниту еден начин, форма или облик против Соединетите Држави, јас овластив 90-дневна ПАУЗА и значително намалена реципрочна тарифа за време на овој период, од 10 отсто, исто така со важност веднаш. Ви благодарам за вашето внимание за ова прашање!“, напиша пред малку Трамп на неговата социјална мрежа.
Инаку, претходно денеска Кина најави дека од утре ќе воведе дополнителни царини за стоки од САД со стапка од 84 отсто, што е зголемување од 50 отсто во однос на претходните кинески царини.
Одлуката дојде откако САД претходно оваа недела воведе дополнителни 50 отсто царини за кинеска стока. Ова следи по двете претходни мерки, од 34 проценти и 20 проценти, така што вкупната американска царина за кинескиот извоз денеска изнесуваше 104 проценти.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура