Трамп ги предупреди земјите што „си играат играчки“ со трговските договори со САД дека ќе им воведе уште повисоки царини

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди државите ширум светот да не отстапуваат од клаузулите на неодамна договорените трговски договори со САД, откако американскиот Врховен суд ги поништи неговите глобални царини.
Трамп се закани дека ако го сторат тоа, ќе им воведе уште повисоки царини согласно други трговски закони.
„Секоја земја што сака ’да си игра играчки‘ со апсурдната одлука на Врховниот суд, особено оние што ги ’ограбуваа‘ САД со години, па дури и децении, ќе се соочат со уште повисоки царини од оние што неодамна ги договорија. Купувачу биди на штрек“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“.
Американскиот претседател истакна дека, и покрај одлуката на Врховниот суд, таа не влијае на неговата способност да користи царини согласно други правни одредби „на многу помоќен и погрд начин“. Тој најави дека САД би можеле да прибегнат кон нови лиценцни такси кон трговските партнери, но не даде повеќе детали.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
-

Ланците маркети на средба во Владата - Се бара начин да се спречи раст на цените
-

Одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи
-

„Иднина која инспирира“: dm платформа која ја враќа вербата во силата на поединецот и заедницата
-

Ескалираат тензиите во Ормутскиот тенсец
-

Мицкоски на средба со трговците и претставници на маркетите, опозицијата бара мерки
-

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи за „Сејф Сити”
