Трамп ги обвини демократите дека самите се виновни за хакирањето
Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, ја обвини Демократската партија дека самата го дозволила хакерскиот напад.
„Огромната немарност на Демократскиот Национален комитет го дозволи хакерскиот напад. Републиканскиот национален комитет имаше посилна одбрана“, наведе Трамп на Твитер.
Новоизбраниот претседател вчера соопшти дека и доколку имало какви и да било обиди за хакерски напади „тие апсолутно немале ефект" врз исходот од претседателските избори во САД.
По средбата со лидерите на американските разузнавачки служби, Трамп најави дека во рок од 90 дена од неговата инаугурација, на 20 јануари, планира да именува екипа која ќе состави план за борба против кибер напади.
Претходно, по состанокот со Трамп, американски разузнавачки претставници објавија нов извештај, во кој се наведува дека рускиот претседател Владимир Путин ја издал наредбата да се влијае во претседателските избори во САД во 2016 година.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори