Трамп ги исмеа плановите на Маск за нова партија, опишувајќи ги како „апсурдни и збунувачки“
Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени плановите на Илон Маск за формирање нова политичка партија како апсурдни, додавајќи дека Америка функционира најдобро во рамките на двопартиски систем.
Еден ден откако Маск го ескалираше конфликтот со Трамп објавувајќи создавање на нова партија, новинарите го прашаа американскиот претседател за коментар пред неговото заминување од Мористаун, Њу Џерси, каде што беше во посета на локален голф-клуб.
-Мислам дека е апсурдно да се создава трета партија. Имаме огромен успех со Републиканската партија. Демократите ја изгубија насоката, но секогаш постоел двопартиски систем, и создавањето трета партија само предизвикува конфузија, изјави Трамп. – Системот е создаден за две партии. Третите партии никогаш не функционирале, па Маск може да се забавува со тоа, но мислам дека е апсурдно, додаде тој.
Маск во саботата објави формирање на партијата „Америка“ во одговор на законот за намалување на даноците и трошоците предложен од Трамп, за кој милијардерот тврди дека ќе ја доведе земјата до банкрот. Маск, кој беше главен советник на Трамп за реформи во федералната влада на почетокот на неговиот мандат, изјави дека неговата партија ќе се обиде да ги отстрани републиканските конгресмени кои го поддржаа законот, наречен „Големиот прекрасен закон“, на идните избори.
Министерот за финансии Скот Бесент за Си-Ен-Ен изјави дека управните одбори на компаниите на Маск, „Тесла“ и „СпејсИкс“, веројатно би сакале тој да се фокусира на бизнисот, а не на политиката. – Претпоставувам дека одборите не беа задоволни од вчерашното соопштение и ќе го охрабрат да се концентрира на бизнисот, рече Бесент.
Маск потроши стотици милиони долари за поддршка на кампањата за реизбор на Трамп во 2024 година, често појавувајќи се покрај него во Белата куќа, но несогласувањата околу законот за трошоците доведоа до разидување. Законот, кој намалува даноци и зголемува трошоци за одбрана и гранична безбедност, беше усвоен минатата недела во Конгресот, но критичарите тврдат дека ќе го зголеми буџетскиот дефицит.
Трамп изјави дека Маск е незадоволен поради укинувањето на даночните олеснувања за електричните возила на „Тесла“, а во одговор на критиките закани дека ќе ги укине државните договори и субвенции за „Тесла“ и „СпејсИкс“.
Ново на Сител
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
-
Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети