-->
-->
Трамп: Европа не беше добра кон САД
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа оцени дека Европската унија „не се однесува добро“ кон САД во трговијата, со што се обиде да го оправда воведувањето царини за увоз на челик и алуминиум.
- Работат така (ЕУ) што е речиси невозможно да се работи со нив, а всушност тие ни испраќаат свои автомобили и се останато во САД, рече Трамп на прес-конференција во Вашингтон.
- ЕУ никогаш не се однесувала добро кон нас. И тоа е многу неправедна трговска ситуација, оцени американскиот претседател.
Американските власти неодамна соошштија дека може да воведат царини од 25 отсто за челик и десет отсто за увоз на алуминиум на што ЕУ одговори дека подготвува одговор со противмерки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција