Трамп е уапсен
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп предмалку и формално е уапсен, јави Си-ен-ен.
Ова е преседан во американската историја, бидејќи за првпат некој поранешен американски претседател е уапсен за сторено кривично дело.
Скај Њуз пренесува дека на поранешниот претседател не му биле ставени лисици на рацете, на барање на неговото обезбедување од тајната служба.
Откако заврши овој дел од постапката, се очекува Трамп да се појави пред врховниот судија Хуан Марчан, каде треба да се изјанси за обвинението за давање поткуп во 2016 година, а потоа се очекува да биде пушптен да се брани од слобода и да замине на својот имот на Флорида.
Додека Трамп го чека своето сослушување во судницата на Менхетен, адвокатката за кривични дела Џули Ренделман изјави за Скај Њуз кажа дека „никогаш немаше да мислилам дека ќе го доживеам овој ден“.
-Искрено не можам да верувам што се случува денес. Навистина не можам, додаде таа.
Си-ен-ен пренесе дека, додека со придружбата патувал кон судот од својот дом во Њујорк, во кулата „Трамп“, поранешниот претседател напишал куса изјава на својата мрежи „Вистина“, во која изрази неверување дека ќе биде уапсен.
„ Изгледа надреално. (wow), ЌЕ БИДАМ УАПСЕН. Не ми се верува дека ова се случува во Америка. МАГА!”, напиша Трамп.
Ново на Сител
-
Автобусите на ЈСП - Скопје сообраќаат по неделен возен ред
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин
-
Нови прoтести на студентите во блокaдa зaкaжани за денеска во Белград и во Нови Сад
-
Евробаскет 2025: Селекторот на Италија поднесе оставка
-
Алкараз шампион на УС опен и нов број 1 на светот
-
Директорот на српската полиција: Над 126.000 луѓе присуствуваа на 111 собири против блокадите
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината