Трамп е државник со најголем број следачи на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп е државник со најголем број следачи на Твитер, а потоа следат папата Франциско и индискиот премиер Нарендра Моди, се наведува во годишниот извештај на „Твипломатија“ на компанијата „Барсон Кон и Вулф“.
Трамп во октомври минатата година изби на прво место и сега има 52 милиони следачи, папата 47 милиони, додека Моди на Твитер го следат 42 милиони луѓе.
Во Евриопа најдобро котира британската премиерка Тереза Меј со пет милиони следачи, додека твитовите на францускиот претседател ги следат три милиони луѓе.
Јорданската кралица Ранија има 10 милиони следачи и е прва помеѓу државниците и политичарите во арапските држави.
Само шест влади во светот воопшто не се застапени на Твитер - Лаос, Мавританија, Никарагва, Северна Кореја, Свазиленд и Туркменистан.
Ново на Сител
-

Орце Ѓорѓиевски и официјално победи на изборите во Скопје
-

Мицкоски: Да го сменевме уставот се ќе беше одлично
-

Јаневска: Новата стратегија за образование ќе ги подобри резултатите на учениците на ПИСА и ТИМСС
-

Етничката припадност често е причина за конфликт меѓу младите
-

Со грантови со ЕУ се поттикнува социјалното претприемништво во земјава
-

Полицијата го олеснува визниот режим за турските студенти
-

Наградата „Жива“ можност за поголема промоција
-

Преглед на вестите од светот
