Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

Фондацијата Ричард Никсон вчера во Белата куќа му ја врачи наградата на претседателот на САД, Доналд Трамп „Архитект на мирот“.
– Надворешната политика на претседателот Трамп „Америка на прво место“ се заснова на проактивна лична дипломатија во комбинација со филозофија на мир преку сила. Резултатите беа неверојатни во однос на бројот на прекини на огнот и мировни договори што ги постигна низ целиот свет- истакна Фондацијата.
Меѓу достигнувањата што доведоа до наградата, Фондацијата Никсон го истакна посредништвото на Трамп во Аврамовите договори помеѓу Израел и неговите соседи, решавањето на кризата во Персискиот Залив и организирањето прекини на огнот во неколку конфликтни зони. Посебно внимание се посветува на мировниот договор во Газа, кој предвидува ослободување на сите израелски заложници и ги поставува темелите за стабилно решение за Блискиот Исток.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
