Свет
3. January 2016 - 11:52

Трамп: Барак Обама и Хилари Клинтон се одговорни за подемот на ИД

Претендентот за републикански претседателски кандидат за претседателските избори во САД, кои ќе се одржат оваа година, Доналд Трамп ги обвини американскиот претседател Барак Обама и својата политичка ривалка Хилари Клинтон дека се одговорни за подемот на Исламска држава.

Американскиот милијардер, говорејќи на својот најнов предизборен собир во Билокси во Мисисипи, истакна дека администрацијата на Обама треба да посвети внимание на неговите повици дека САД треба да ја преземат контролата врз нафтените полиња, кои ги контролира ИД, но наместо тоа дозволила терористичката група да напредува.

Тој наведе дека три години упатувал такви повици, но дека сите говореле дека такво нешто не може да се направи, бидејќи станува збор за суверена земја. - А всушност таму нема земја, додаде тој.

- Тие ја создадоа ИД. Хилари Клинтон ја создаде ИД со Обама, рече Трамп.