-->
-->
Трамп: Бајден не е бесно куче, донекаде е подобар од тоа
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп за неговиот политички ривал Џо Бајден изјави дека е „нешто подобар од бесно куче“.
Трамп на Твитер напиша во порака до лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун дека демократскиот кандидат за претстојните претседателски избори е „можеби поспан и многу бавен“, но не и „бесно куче“ и е „нешто подобар од тоа“. На тој начин тој одговори на вчерашната оценка на државната севернокорејска новинска агенција КЦНА дека поранешниот американски потпретседател е „бесно куќе кое треба со стап да се претепа до смрт“.
Трамп му порача на Ким дека тој е единствениот кој „може да го доведе таму каде што треба да биде“ и го повика да дејствува брзо и да дојде до договор. Твитот завршува со зборовите „Се гледаме наскоро“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска