-->
-->
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-->
Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера изјави дека реципрочните царини што ќе ги објави во текот на неделата, ќе ги опфатат сите земји, а не само група од 10 до 15 држави.
Трамп истакна дека 2 април, кога ќе го претстави сеопфатниот план за воведување на царини, ќе биде „Ден на ослободување“.
Би почнале со сите земји, и ќе видиме, истакна Трамп, кој претходно воведе царини на алуминиумот, челикот и автомобилите, а ја зголеми и царината на увозот за сите артикли од Кина.
Според него царините се начин за заштита на американската економија од нефер глобалната конкуренција и преговарачки адут за подобри услови за САД. Но, загриженоста за трговската војна влијае врз финансиските и стоковите пазари и создава страв од рецесија во САД
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски