Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе

Намалувањето на цените на енергијата може да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Cи-ен-би-си.
-Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе. Ако поевтини за уште 10 долари за барел, тој нема да има избор бидејќи неговата економија е во лоша состојба – додаде американскиот претседател.
Претходно денеска, руското Министерство за финансии објави дека приходите на земјата од нафта и гас се намалиле за 27 проценти во јули 2025 година на годишна основа – на 787,3 милијарди рубљи (9,8 милијарди долари), споредено со 1,079 трилиони рубљи во истиот месец од претходната година.
За периодот јануари-јули, приходите на Русија од нафта и гас се намалија за 18,5 проценти споредено со истиот период во 2024 година.
Трамп, исто така, изјави за Cи-Ен-Би-Си дека значително ќе ги зголеми царините за увоз од Индија во следните 24 часа, како одговор на нејзиниот континуиран увоз на руска нафта. Тој рече дека царинската стапка од 25 проценти ќе биде зголемена без да се достигне одредено ново ниво.
-Тие ја полнат воената машина и ако го прават тоа, тогаш нема да бидам среќен – коментираше Трамп.
Тој додаде дека според негово мислење Индија воведува многу високи царини за американската стока.
Американскиот претседател, исто така, ги критикуваше две од водечките банки во САД – „Банката на Америка“ и „ЏејПи Морган“, обвинувајќи ги дека во минатото одбивале да ги прифатат неговите депозити. Тој додаде дека верува оти банките ги дискриминираат неговите поддржувачи.
МИА
Ново на Сител
-

Централен одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Трајко Славески, гувернер на НБРМ
-

Централен одбор на СДСМ
-

Мери Дика предлог за уставен судија
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс
-

Под слоганот “Важна е културата” Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
-

Државата е подготвена за итни мерки ако цените почнат да растат
-

Поскапувањето на храната е неминовно, се очекува повисока инфлација
