-->
-->
Трајковски стрелец на три гола за Палермо
-->
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски беше стрелец на три гола за победата својата екипа Палермо против Виртус Франкавила, во рамки на второто коло на фудбалскиот Куп на Италија.
Палермо, чиј капитен сега е Илија Несторовски, го победи третолигашот Виртус Франкавила со 5:0, а Трајковски постигна хет-три. Тој ги постигна головите во 13-та, 45-та и 72-та минута, додека сстанатите два гола беа дело на Хаитам Алесами и Антонио ла Гумина.
Во третото коло од националниот Куп на Италија, Палермо ќе се соочи со екипата на Каљари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот