Ракомет
12. January 2017 - 21:17

Трајковски: Со голема мотивација стигнавме до победата

На својот дебитантски настап на Светското првенство во дрсот на Македонија голманот Благојче Трајковски имаше пет одбрани, а некои беа во клучни моменти. По дуелот во микс зоната истакна:

- За нас е значаен секој натпревар. Верувавме во себе и на – 4, кај новајлиите имаше притисок,а со голема мотивација стигнавме до победа.Добро го проучивме Тунис. На Ангола ќе одиме внимателно, не е наивен ривал и со максимална борба можеме до нова победа.