Македонија
10. August 2021 - 12:54

Трајковски: Пожарите во делчевско изгаснати, состојбата будно се следи

По седумдневна битка со огнената стихија во делчевскиот регион и натчовечките напори за да се стават под контрола и да се изгаснат пожарите и да не се дозволи загрозување на човечки животи и имоти на граѓаните, конечно, денеска сите пожари кои беснееја на територијата на Делчево, се изгаснати, информира градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

Со координирана акција на сите сили кои Општината ги имала на располагање, но и со  помош од воздух од хеликоптери на Армијата и на соседни држави, како што рече Трајковски, уште во текот на вчерашниот ден изгаснати се пожарите кои беснееја на две локации во делчевско, над Разловци и над Тработивиште. Додаде дека состојбата и понатаму будно се следи.