Трајановски на средба со борците од Градскиот одбор на НОАВМ

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски утрово, по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје, се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојуз на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ).
На средбата во неговиот кабинет борците евоцираа спомени од ослободувањето на Скопје, а градоначалникот Трајановски изрази длабока почит спрема нив и благодарност.
- Денеска славиме 71 година од ослободувањето на Скопје. Јас и граѓаните на Скопје чувствуваме неизмерна почит за борците коишто пред точно 71 година ги дадоа животите за слободата на овој град. На средбата со Вас се обидуваме да се сетиме на некои моменти од историјата, но ова е и одлична можност да се договориме какви чекори треба да преземеме за зачувување на тие спомени и добри дела, што беа пример за нашите генерации, но и за следните генерации што доаѓаат, порача Трајановски.
Тој посочи дека во тек е возобновувањето на Споменикот на стреланите и Работилницата за производство на експлозивни направи, а готови се и бистите на хероите Панче Арсовски и Панче Неделковски.
- Бистата на Панче Арсовски ќе се постави во средното училиште на Град Скопје кое го носи неговото име, а бистата на Панче Неделковски во Градскиот парк, истакна Трајановски.
Трајко Стаматовски од име на борците ослободители на Скопје му се заблагодарија на градоначалникот Трајановски за приемот, како и за добрата соработка и поддршката, што тој им ја дава на членовите на Сојузот на борците.
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
